Во организација на Филмско училиште за деца и млади „Tintiri Mintiri“, во Музеј на Град Скопје, во наредните 3 денови, од 27 до 29.11.2026, ќе се одржи Фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива 2026“.
Фестивалот ќе почне утре 27.11.2026 петок, во 8 часот со отворањето на изложба „Небесно платно“, потоа ќе следи пезентацијата на едукативна веб платформа „Звучна Македонија“, па во 18 часот младинска претстава „Доцниме“, во 19ч ќе биде отворена изложбата на Александар Сотировски на илустрации за деца и вечерта во 20:30 ќе биде заокружен првиот ден со концертот на Ана Петан и МСЕД.
Во сабота ,на 28.11.2026, во 13ч ќе се оджи филмска работилница за деца и млади, па потоа работилница за стрип за деца, потоа презентација на иновации и презентација на едукативна веб платформа „Звучна Македонија“.
На завршниот ден од Фестивалот (недела 29.11.2026), во 13ч ќе биде отворена изложба на дела од работилницата за стрип, а вечерта во 19ч, ќе биде отворена и аудио-визуелната изложба Talk to me Machine, на авторот Давор Илиев.





