НУ Камерен оркестар на Битола, утре вечер, 27. Ноември, во КИЦ-Офицерски дом –Битола, во 20 часот, ќе реализира концертна вечер во која различните музички изрази, епохи и композиторски ракописи ќе се спојат во една уникатна музичка целина.
Од безвременската елеганција на Моцарт, преку препознатливиот музички јазик на македонскиот композитор Томислав Зографски ,чешкиот композитор Леош Јаначек, до темпераментните ритми и фолклорната инспирација на Бела Барток – секое дело претставува посебен дел од овој музички мозаик.
Концертот ќе се одржи под диригентската палка на маестро Горјан Стојановски.

