Европската унија прави стратешка грешка со предложените кратења на својот иден буџет, предупреди денеска францускиот претседател Емануел Макрон на самитот во Брисел.
„Ќе се соочиме со пад на европските јавни инвестиции во споредба со Кина и Соединетите Држави“, истакна Макрон, како што пренесува весникот „Ле Фигаро“.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска претстави нов предлог за долгорочниот буџет на Европската унија (Повеќегодишна финансиска рамка – ПФР) за периодот 2028–2034 година. Предлогот вклучува намалување од 204 милијарди евра – приближно 10 отсто – во однос на првичниот предлог на Европската комисија (ЕК). Тој, исто така, воведува нови извори на приходи, вклучително и данок за големите дигитални компании, со цел да се обезбедат средства за приоритетите на Унијата, притоа одржувајќи ги националните придонеси од земјите-членки на прифатливо ниво.
Макрон: Намалувањето на европскиот буџет е стратешка грешка

