Денеска, на 27 ноември 2026 година (петок), со почеток во 13 часот, во Чифте амам, Скопје, ќе се оджи Годишниот симпозиум на Македонската секција на Меѓународното здружение на ликовни критичари – АИКА.
Иницијатори на темата и воведни говорници се: Викторија Васева Димеска, Натали Рајчиновска Павлеска и Ана Франговска.
Овогодинешниот симпозиум, под наслов „Архитектура на институционалното“, ќе биде посветен на критичкото преиспитување на функционирањето на културните институции, професионалните стандарди, институционалната одговорност и односите што го обликуваат современото културно поле. Намерата е да отвориме простор за аргументирана дискусија, размена на искуства и конструктивни предлози за унапредување на институционалните и професионалните практики.
Симпозиумот е замислен како отворена платформа за разговор и размена на различни критички позиции. Сите членови на АИКА, како и други заинтересирани стручни лица кои сакаат да се вклучат со сопствено излагање, размислување или конкретен придонес кон темата, се повеќе од добредојдени.

