Со децении, жителите на италијанските села се селат во големите градови во потрага по подобар живот, па така многу од нив остана празни и запупштени.
Пред повеќе од три децении, италијанските хотелиери развија концепт наречен „алберго дифузио“ или „расфрлани хотели“ и наместо да градат нови хотелски комплекси, тие ги реновираа празните селски куќи и ги претворија во сместувачки единици со заеднички прием.
Денес, овие места привлекуваат патници кои бараат одмор подалеку од вревата на масовниот туризам.
Од напуштени куќи до луксузен сместувачки капацитет
Моделот доби особено популарност за време на пандемијата, а денес претставува меѓународно призната форма на одржлив туризам.
Иако се очекуваше дека овој вид сместување ќе претставува попристапна алтернатива на класичната туристичка понуда, се развија бројни проекти во сегментот на еко-луксузот.
Еден од најуспешните примери е планинското село Санто Стефано ди Сесанио, во италијанскиот регион Абруцо.
Од симбол на сиромаштија до глобална атракција
Особено впечатлив пример е Матера, град во јужна Италија, некогаш познат по сиромаштијата на своите жители.
Реновирањето што започна во 80-тите години на минатиот век и неговото вклучување на Листата на светско наследство на УНЕСКО во 1993 година ја промени судбината на местото.

Поранешните пештерски живеалишта сега се луксузни хотели и ресторани, додека градот служел и како сет за филмови за Исус Христос и Џејмс Бонд.
Матера беше Европска престолнина на културата во 2019 година, а во 2026 година ќе биде Медитеранска престолнина на културата и дијалогот.
Локалната заедница сега се обидува да ги охрабри туристите да останат подолго, наместо само еднодневни посети.

