Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврдил пред италијанската премиерка Џорџа Мелони дека украинската операција во либиските води, при која биле погодени руски воени бродови, била изведена без претходна координација со европските партнери, објави украинскиот претседател на социјалната мрежа Икс.
„Денеска разговарав со Џорџа Мелони. Разговаравме за прашањата на кои работиме и за кои е важно да имаме меѓусебно разбирање. Потврдив дека неодамнешната операција во Либија беше спроведена без претходна координација со нашите европски партнери“, напиша Зеленски.
Тој ја информирал италијанската премиерка дека Украина е подготвена да обезбеди размена на сите неопходни информации меѓу надлежните институции на двете земји, како и да воспостави директна, редовна и ефикасна комуникација.
Претходно, коментирајќи ги украинските напади врз руски бродови во близина на пристаништето на либискиот град Бенгази, Мелони предупреди дека војната би можела да се пренесе и во Средоземното Море.

