Деновиве во галеријата „Метаноја“ во Скопје беше промовирана монографијата „Вечните симболи“ и беше отворена изложба на уметнички слики од академскиот сликар Александар В. Настески (1948–2023), посветена на неговиот живот и петдецениско творештво, чии автори се неговите ќерки Ивана и Маја Настески и новинарот Зоран Андонов. Монографијата „Вечните симболи“ е луксузно издание посветено на животот и повеќе од петдецениското ликовно творештво на академскиот сликар. Автор на фотографиите во монографијата е Драги Неделчевски.

Изданието го објави тетовската издавачка куќа „Litera Group“, а проектот доби поддршка како проект од национален интерес од Министерството за култура и туризам Како дел од мултимедијалниот настан беше поставена и ретроспективна изложба со дела од различни периоди, вклучувајќи и слики што за првпат беа претставени пред македонската публика.

Изложбата ќе биде отворена до 5 декември 2026.


