Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека пациентите во Клиничката болница во Штип се лекуваат во несоодветни услови, откако на својот Фејсбук-профил објави фотографии од поплавена болничка соба и оштетен таван.
„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски. Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите“, напиша Филипче.
Тој упати критики до премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, обвинувајќи дека средства се издвојуваат за, како што наведува, криминални тендери, наместо за подобрување на здравствените услови.
„Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, прашува Филипче.

