дома Македонија Ленче Ристоска останува без предметите против ВМРО-ДПМНЕ, Савески ги повлекува сите дадени...

Ленче Ристоска останува без предметите против ВМРО-ДПМНЕ, Савески ги повлекува сите дадени овластувања

Новиот јавен обвинител Ненад Савески ќе ги повлече сите дадени овластувања за постапување по предмети освен за предметите поврзани со Кочани, Ресен и Крива Паланка каде поради недостиг на обвинители овластувањата останат активни.

Ова значи дека и предметите што ги води обвинителката Ленче Ристовска против владејачката ВМРО-ДПМНЕ и предметите за Онкологија кои ги водеше Ана Гоговска ќе ги застапуваат други обвинители. Прераспределен ќе биде и предметот што го водеше обвинителката Ивана Алексова Трајчева за полицајците од Пулс.

Ваквата одлука Савески ја соопшти попладнето на брифинг со новинарите со образложение дека кога дошол му биле дадени цел куп предмети кои ги работат обвинители со овластувања.

Според Савески, ваквата негова одлука нема политичка позадина. Вели дека нема да работи ниту по прозивки, ниту за партии, туку дека сите предмети ќе се работат врз основа на докази.

– За сите обвинители ова важи, не само за Ленче. Јас не фаворизирам ниту еден обвинител, вели Савески.

ПредходнаНародниот правобранител констатира институционални пропусти кај семејното насилство
СледнаФатиме Фетаи на прослава во Обвинителството го „разобличи“ Советот на јавни обвинители