дома Македонија Економија РКЕ одлучи – поевтин бензин, поскап дизел

РКЕ одлучи – поевтин бензин, поскап дизел

Граѓаните кои имаат возила на дизел од утре ќе плаќаат поскапо гориво, а оние кои користат бензин ќе плаќаат поевтино гориво за два денари. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од полноќ дизелот да скокне за еден денар, а бензините да поевтинат за два денари.
       Тоа значи дека малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 91 денар за литар, а на Еуросупер БС-98 цената ќе биде 93 денари за литар. Дизелот ќе се продава по цена од 99,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство 98,5 денари за литар. Цената на мазутот се намалува за 1,680 ден/кг.

ПредходнаНајвисока минимална плата има Луксембург, Македонија на 24 место
СледнаШампионската журка на Торес и Љоренте го запали онлајн просторот