Одбраната на првообвинетиот во случајот за пожарот во дискотеката Пулс, Дејан Јованов денеска повторно побара притворот да му биде заменет со куќен притвор поради нарушената здравствена состојба на обвинетиот што предизвика реакција кај родителите на загинатите.
– Со оглед дека обвинетиот е со сериозно нарушено здравје, а одлука да се пушти од притвор не е донесена, бараме при носење на одлуката да се покаже малку човечност и непристрасност и да не се носат одлуки под притисок на јавноста. Обвинителството треба да се произнесе усно, а не повеќе да се чека, побара адвокатката Ивана Коцевска.
Родителите реагираа на ваквото барање.
– Пуштете го, ние ќе му пресудиме. Срам да ви е. Тој е глумец. Да изгубите дете, па да видите како е, реагираа родителите.
Барање за поблаги мерки за обвинетите беа побарани и за неколку други обвинети.
Барањето на адвокатката Коцевска беше одбиено со образложение дека нема мислење оти терапијата што ја зема Јованов не може да се даде во затворски услови.




