дома Свет Пожар на брод со над 160 мигранти во Ламанш, нема загинати (ВИДЕО)

Пожар на брод со над 160 мигранти во Ламанш, нема загинати (ВИДЕО)

Над 160 мигранти се спасени од брод кој се запали при обид да го премине каналот Ламанш од Франција до Велика Британија. Мигарнтите биле спасени откако утрово се запалил моторот и бродот почнал брзо да тоне.

Според досега достапните информации, при инцидентот нема загинати. Спасените мигранти се пренесени во француското место Булоњ сир Мер и се предадени на надлежните служби.

Ситуацијата на бродот драматично се влошила наутро, кога еден од мотор се запалил додека пловилото се уште се наоѓало во француската зона за пребарување и спасување. Потоа бродот почнал многу брзо да тоне, што предизвикало голема француско-британска операција за спасување.

На местото на настанот беа испратени неколку француски спасувачки бродови, хеликоптер на француската Воена морнарица, бродови на Британските погранични сили и брод на Кралска национална спасувачка служба.

Предходна„Луфтханза“ со нето загуба од 542 милиони евра
СледнаМедуза усмрти 13-годишно момче во Тајланд