Дел од корисниците во општина Центар утре од 09:00 часот ќе останат без вода поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улицата „Белградска“, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“.
Од претпријатието информираат дека со прекин во водоснабдувањето ќе бидат опфатени корисниците на дел од улицата „Белградска“, а нормализирањето на испораката на вода ќе следи веднаш по завршувањето на санацијата на дефектот.

