Кривичната пријава против таткото и двете ќерки од Крива Паланка кои и нанесоа тешки телесни повреди на нивна сограѓанка поради караница за добитик, е пристигната до Обвинителството.
Наредено е вештачење на видот на повредите на жената, а се обезбедуваат и други докази. Обвинителството соопшти дека обвинителот врши проценка на потребата да се предложат одредени мерки за претпазливост имајќи го предвид нивното претходно однесување.
Пријавени се дека поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, ја влечеле, туркале и и се заканувале. Кога ја турнале на земјата оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на левиот скочен зглоб на ногата, соопшти Обвинителството.

