Нови случаи на семејно насилство регистрира полицијата на ниво на цела држава. Од вербални напади до физички пресметки меѓу брачни партнери, поранешни партнери, до насилство врз малолетните деца.
Во Делчево, 45-годишен татко го навредувал своето 13-годишно дете, а потоа се обидел да го нападне со стаклен предмет по што настанала физичка пресметка меѓу нив.
Во Куманово, 26-годишен кумановец и се заканувал на неговата мајка, а во истиот град 38-годишен кумановец физички ја нападнал поранешната сопруга.
Жена од Тетово пријавила дека сопругот со кого е во бракоразводна постапка, ја следи и и се заканува и дека дошол во салон на ул. „Илинденска“ во Тетово каде таа работела по што настанала вербалнa расправија и упатување закани за одземање на двете заеднички малолетни деца.
Во Гостивар, 28-годишна жена пријавила дека додека била со двете малолетни деца во Медицинскиот центар во Гостивар, добила телефонски повик од нејзиниот сопруг М.Е.(32) кој ѝ упатувал закани.
Во Кочани, 40-годишник физички ги нападнал неговите малолетни деца и останати членови од фамилијата на сопругата кои биле присутни во домот, а во Кичево 56-годишник не го почитувал судското решение со кои му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство кон неговата 49-годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка.

