Пијан жител на Виница синоќа направил карамбол низ улиците на градот – удрил во паркирано патничко возило, а потоа и во патна сигнализација и бетонски ѕид. Полицијата го пронашла и утврдила дека возел со 2,12 промили алкохол во крвта.
На 21.11.2026 во 22:55 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода С.А.(65) од Виница. Претходно тој управувајќи патничко возило „форд“ со штипски регистерски ознаки, во село Јакимово, виничко, учествувал во сообраќајна незгода, при што удрил во паркирано патничко возило „форд“ со штипски регистерски ознаки, сопственост на С.Д. од Виница и напуштил лице место, а потоа управувајќи го возилото удрил во поставена патна сигнализација и бетонски ѕид, по што повторно напуштил лице место, соопшти МВР.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

