Реформата на Обединетите нации мора да биде темелна и да ја отстрани сета нечистотија од секое катче на организацијата, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги резултатите од самитот на АПЕК.
„Не смее да се занемари фактот дека оваа реформа треба да биде со широк опфат и да исчисти – би го употребила дури и зборот ’нечистотија‘ или ’гнилеж‘, тоа чувство на стагнација – од најоддалечените, скриени катчиња“, рече Захарова.
Таа нагласи дека реформата треба да ги опфати и Секретаријатот и различните организации во рамките на системот на ОН, пренесува „Спутник“.
„Со други зборови, неопходните промени не треба да се ограничат само на седиштето на Обединетите нации во Њујорк или на Советот за безбедност. Ова, се разбира, се однесува и на работата во рамките на Секретаријатот, кој стана пристрасен, со оглед на тоа што западните сили почнаа да го третираат како своја сопственост. И, секако, тоа се однесува и на различните организации во рамките на системот на ОН“, заклучи Захарова. Во декларацијата за мир, усвоена на 19 ноември – на маргините на самитот на АПЕК во Шенжен, Кина – од страна на претседателите на Русија, САД и Кина (Владимир Путин, Доналд Трамп и Си Џинпинг), се наведува дека трите земји, како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, ја изразиле својата посветеност на реформата на ОН, со цел да ѝ овозможат на организацијата поефективно да одговори на глобалните предизвици и да ја исполни својата основна мисија во однос на меѓународниот мир и безбедност.
Захарова: Реформата на ОН мора да ја исчисти сета нечистотија од организацијата

