Во четврток 26.11.2026, во 9:30 часот, во НУ Кинотека на Македонија, ќе биде промовиран проектот „Гледаме со ушите“, проект којшто ги опфаќа првите македонски филмови со аудиодескрипција за слепи и слабовидни лица.
Со помош на аудиодескрипцијата, визуелните сцени, движењата и изразите на лицата се претвораат во зборови, овозможувајќи им на слепите лица да ја следат и доживеат филмската приказна.
На 27.11.2026 (петок) во 10:30ч, во Кинотеката ќе биде проектиран филмот „Македонска крвава свадба“, а снимки од браќата Манаки ќе бидат проектирани и во понеделник на 30.11, во салата за кинопроекции на Кинотеката на Македонија, во 10:30 часот. Влезот за овие настани е бесплатен.

