Поднесена е кривична пријава против трите лица кои и нанесоа повреди на 67-годишната жена во Крива Паланка по караница за добитокот.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека кривичната пријава е поднесена против Г.Ѓ. (58), А.Ѓ.М. (23) и А.Ѓ. (31), сите од село Жидилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 21.11.2026 година, околу 09:00 часот, во село Дрење, кривопаланечко, пријавените физички ја нападнале Д.Д. (67) од истото село, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Имено, додека Д.Д. го напасувала својот крупен добиток, пријавените најпрвин започнале вербална расправија со неа, по што физички ја нападнале. Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка, соопшти МВР.
Против овие лица има поднесено над 100 пријави.

