Вечер,(26.11.2026г),во19ч,во Театарот за деца и младинци-Скопје, ќе се одржи премиерата на театарската претстава „Моби Дик“ во режија на Дамјан Кецојевиќ. Улогите ги толкуваат Ана Левајковиќ Бошков, Мики Анчевски,Наташа Петровиќ,Никола Наковски, Ненад Митевски,Петар Стојанов и Симона Спировска.
Драматизацијата и адаптацијата ја направи Тијана Грумиќ, драматург на претставата е Драгана Лукан Николовски, сценографијата е на Андреја Рондовиќ, костимографија: Александра Лалиќ, а музиката на Круме Стефановски.
Екипажот е подготвен, морските бранови веќе шепотат, а сцената на Театар за деца и младинци е подготвена за првото испловување! Со разиграни костими, силен сценски ритам, „Моби Дик“ ве води во авантура каде што опсесијата и мечтата се среќаваат на отворено море. Епска театарска пловидба што го преиспитува односот на човекот кон природата, границите на сопствената моќ и светот во кој живееме денес. Приказна за младите и за возрасните, велат од Театарот за деца и младинци-Скопје.
Првата реприза на претставата е закажана за утре 27.11.2026 (петок) во 19 ч.

