Американската вселенска компанија „СпејсИкс“ на најбогатиот човек на светот Илон Маск доби дозвола Федералната комисија за коминикации (ФЦЦ) на САД да постави до еден милион сателити во орбитата околу Земјата.
Станува збор за проектот „Стармајнд“, кој вклучува сателити со големина од еден метар, кои ќе служат како дата центри за апликации базирани на вештачка интелигенција.
„Оваа дозвола го приближува човештвото кон цивилизација која ќе може да ја искористи целосната моќ на Сонцето“, соопшти американскиот комуникациски регулатор.
Поддржувачите на оваа идеја истакнуваат дека дата центрите во вселената можат да користат огромни количества сончева енергија.
Одобрението го отвора патот за проектот кој Маск го претстави како централен елемент за време на иницијалната јавна понуда на неговата компанија. Сепак, сè уште постојат технички предизвици. Така, на пример, сè уште не е разјаснето како тие огромни количества податоци ќе се пренесуваат до Земјата.
Покрај тоа, значителното зголемување на бројот на сателити во Вселената носи и поголем ризик од судири. Според критичарите, целосното распоредување и имплементација на проектот се сè уште многу далеку.
Според условите во дозволата, „СпејсИкс“ е обврзан до крајот на 2035 година во орбитата околу Земјата да постави приближно 10 отсто од дозволениот максимален број сателити или 100.000.

