Пред стартот на денешната собраниска седница за пратенички прашања, пак имаше проблем и паузи околу редоследот на прашањата, а незадоволен беше пратеникот на Албанска лига Зијадин Села.
Претседателот Африм Гаши даде пауза, а по паузата Села излезе на говорницата и му кажа на премиерот Христијан Мицкоски:
„Доаѓајте почесто во Собранието, кога има пратенички прашања, целиот ходник мириса на печено месо. Убаво е“.
Села потоа му рече на Гаши ако има договор со ДУИ за да ги остава во сенка пратениците кои доаѓаат од други партии, ќе му ја скинат таа маска.
По ова Дијана Тоска од ДУИ реагираше и рече дека партијата има 12 пратеника и по деловникот, нормално е дека по редослед ќе бидат погоре на листата за поставување прашања.

