Осум лица се хоспитализирани откако во станбена зграда во Охрид избувнал пожар. Седум станари со повреди и потешкотии при дишењето се примени на Интерното одделение во Охридската болница, а едно е на интензивна нега. Ниту едно од повредените не е во животна опасност.
Пожарот избувна на улицата „Гоце Делчев“. Приведен е 55-годишниот сопственик на станот кој е осомничен дека го предизвикал пожарот.
Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност.

