Америкнскиот претседателот Доналд Трамп, еднострано ја промени заедничката изјава со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по нивниот состанок во Флорида, објави брислексиот портал „Политико“.
Во оригиналната верзија на документот, Трамп и Руте ја предупредуваат Русија против „намерни или ненамерни“ дејствија што би можеле да доведат до ширење на војната од Украина во други земји.
Сепак, откако беше објавена изјавата, Трамп ја смени формулацијата на својата социјална мрежа “Трут соушл“,додавајќи дека Украина треба да се воздржи и од „какви било активности“ што би можеле да придонесат за ширење на војната.

„Оваа одлука на американскиот претседател беше „изненадување“ за генералниот секретар на НАТО“, пишува Политико, посочувајќи дека оригиналниот текст бил официјално договорен од двете страни, додека за промената што ја направи Трамп не била разговарано со Руте.
Во меѓувреме, откако беше објавена официјалната верзија на изјавата, Кремљ оцени дека се однесува на дејствијата на Киев, а не на Москва.

„Кога станува збор за проширување на конфликтот во Украина, очигледно станува збор за обиди на режимот во Киев да го прошири географското подрачје на овој конфликт“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Тој ги спомена активностите на Украина во Средоземното Море и Балтичкото Море, додавајќи дека ова „предизвикува загриженост“ кај крајбрежните држави, а веројатно и кај членките на НАТО.

