Вечерва, 29.11.2026 недела, во 20 часот, во НУ Театар Комедија ќе се одржи премиерата на електро – кабаре „Мекита од Просјачка опера“ во режија на Наташа Поплавска, со Матеа Јанковска и музичкото дуо „Триангулум“ .
…Во време кога Брехтовиот свет живее и на нашите улици, неправдата, насилството и надмоќта стануваат наше секојдневие. Кога стварноста станува апсурдна, театарот возвраќа со сатира. Ве чекаме на репризите, со музика, остар хумор и коктели „Gin Edgar“. Кој е поголем криминалец – оној што ја ограбува банката или оној што ја основа? Претстава што преку иронија и остар хумор ги разобличува моќта, неправдата и општествените апсурди.
Во режија на Наташа Поплавска, Матеа Јанковска презема седум идентитети во сатиричен, гротескен и кабаретски сценски свет, во кој бедата станува бизнис, просењето професија, а границата меѓу криминалот и законот се брише. Зашто, на крајот, не е законот тој што ѝ поставува граници на моќта, туку моќта е таа што одлучува каде завршува законот…
Репризите на претставата се закажани за 06.12.2026 и 29.12.2026г.


