Јавна расправа за работната верзија на Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа ќе се одржи во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамките на 90. седница, на 23 ноември 2026 година (понеделник), со почеток од 10:00 часот, во Сала „Борис Трајковски”, ќе одржи Јавна расправа по работната верзија на Предлогот на закон за организација и работа на органите на државната управа.
Со законот се уредуваат организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа поточно на министерствата, управни организации и амостојните органи на државната управа.
Јавната расправа е закажана во 10 часот, а понаети се претставници од различни организации, институции, здруженија и асоцијации.

