Облачно време со повремени врнежи од дожд се најавуваат за денес. Пообилни ќе бидат во западните делови каде се очекува да наврнат над 30 l/m². Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Под влијание на циклонска акивност до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а во текот на целиот период и над 80 l/m². Поради спуштање на ладна воздушна маса од север, за време на викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег на некои од повисоките места, а на планините само од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

