Во Музејот на македонската борба со почеток во 10 часот ќе се одржи јавна расправа за Нацрт-националната стратегија за туризам 2027 – 2032.
Јавната расправа претставува завршна фаза од консултативниот процес за подготовка на Стратегијата, во чии рамки се очекува активно учество на претставници од институциите, општините, туристичкиот сектор, академската заедница и граѓанските организации.
Стратегијата има цел да поттикне развој на препознатлива, конкурентна и одржлива туристичка дестинација, со квалитетна туристичка понуда во текот на целата година и поголема економска корист за локалните заедници во сите региони.
Најавени се обраќања на министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, и амбасадорот на Швајцарија во Северна Македонија, Кристоф Зомер, по што Нацрт-националната стратегија ќе ја презентира проф. д-р Сашо Коруновски од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, Универзитет „Климент Охридски“ – Битола.

