Маж се запали во центарот на Варшава, пред зградата на Министерството за култура, спроти Претседателската палата, изјави полковник Богуслав Пјурковски, портпарол на Службата за државна заштита.
Тој за „Радио Зет“ изјави дека припадници на Службата за државна заштита интервенирале штом забележале дека мажот се обидува да се запали; тие му пружиле прва помош и ги известиле надлежните служби, пренесува порталот „Wiadomosci.radiozet“.
Потоа, медицинска екипа која брзо пристигнала на местото на настанот му укажала помош на мажот, по што тој бил пренесен во болница.
Полската новинска агенција ПАП (PAP) објави дека мажот се наоѓа на одделението за интензивна нега, но засега нема дополнителни детали за неговата здравствена состојба.
Полицијата извршила увид на лице место и ги утврдува околностите на инцидентот, изјави претставничката на варшавската полиција, Моника Качињска.
Маж се запали пред Министерството за култура во Варшава; пренесен е во болница

