Традиционалната парада на „Мејсис“ (Macy’s), која се одржува секоја година во Њујорк по повод Денот на благодарноста, е одложена за сабота поради најавено силно невреме, објавија денеска американските медиуми.
„Безбедноста на учесниците и гледачите ни е приоритет, па по консултации со градските власти и надлежните служби, донесовме одлука да го презакажеме овогодинешниот настан“, соопштија од „Мејсис“, пренесува „Ен-Би-Си њуз“ (NBC News).
Според „Си-Би-Ес њуз“ (CBS News), одлуката е донесена и врз основа на проценки за безбедноста во услови на невреме, особено во однос на големите балони кои се традиционален дел од парадата.
Парадата сега ќе се одржи во сабота во 8:30 часот наутро (според источното време), јави „Ен-Би-Си њуз“.
„Си-Би-Ес њуз“ напоменува дека парадата била прекината во периодот од 1942 до 1944 година поради Втората светска војна, но никогаш претходно не била одложена поради временските услови.
Градските власти на Њујорк сè уште немаат одговорено на барањето за коментар од медиумите.
Њујорк: 100-тата парада на „Мејсис“ за Денот на благодарноста е одложена поради најавено невреме

