Најголем дел од студентите или 97 проценти поддржуваат зголемување на износот на субвенционираниот оброк на 4.500 денари месечно, а дел или 79,5 проценти го претпочитаат постојниот ситем со платежни картички, покажуваат резултатите од изјаснувањето на студентите што ги објавува Националното студентско тело.
Претставници на ова тело денес ќе одржат прес-конференција на која ќе ги претстават деталните резултати, како и барањата и следните чекори на студентските претставници.

