Од следната недела стартува мобилната апликација преку која граѓаните ќе можат да да проверат дали имаат евидентиран сообраќаен прекршок, каде е сторен прекршокот и да извршат увид во доказите.
Првиот човек на Министерството за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека апликацијата веќе е функционална за странските државјани, а од наредната недела ќе биде достапна и за македонските граѓани.
Од наредната недела ќе кажеме точно кој ден ќе ја пуштиме апликацијата, која ќе им овозможи на македонските граѓани многу поедноставно да видат дали сториле прекршок, каде сториле прекршок и да ги видат доказите, изјави Тошковски.
Покрај ова, МВР ја проширува и имплементацијата на проектот „Безбеден град“. Следна за имплементација е Струмица каде се очекува проектот да стартува во првата половина на декември.

