Вкупно на четири финансиски друштва им се одземени дозволите за работа, а министерката за финансии вели дека до крајот на годината најверојатно ќе има изрекување на уште прекршоци и одземање на дозволи.
Засилени контроли, вели министерката, има од 2024 година и се изрекуваат мерки како што се одземање на дозволи, привремено затворање и глоби во износ од околу 50 илјади евра.
Во интервју на радио Лидер, министерката појаснува дека во 2024 година до финансиските друштва е доставен допис со укажување на примена на чл. 36 од Законот за заштита на потрошувачите и дека е доствен и допис во 2026 година до ДПИ за членови од договори кои укажувале дека се прибираат трошоци, а што не е во надлежност на МФ.
Ние постапуваме и до крајот на годината најверојатно ќе имаме изрекување на уште прекршоци кон одредени финансиски друштва и ќе има и понатаму одземање на дозволи, изјави Гордана Димитриеска-Кочоска.
Вели дека е завршен нов Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за финансиски друштва, којшто според неа носи клучни измени за заштита на граѓаните. Меѓу нив се регулира исплатата и уплатата на средствата да се врши електронски, односно да се ограничи исплата во готовина, потоа намалување на трошоците за кредитите од финансиските друштва и слично.

