Македонија бележи негативен природен прираст. Во третото тримесечје родени се 4.160 бебиња што е намалување за 4,8 проценти во однос на истиот период минатата година, а во истиот период починале 4.807 лица.
Статистиката покажува дека и во третото тримесечје природниот прираст и натаму е негативен, односно бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица за 647. Од вкупниот број починати, 19 се доенчиња.

