Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов утрово преку Фејсбук ги разреши дилемите откако синоќа се сподели информација дека имал сообраќајна незгода.
Немаше никаква сообраќајна незгода. Возилото заглави во калта на раскопаните тротоари и мораше да биде извлечено бидејќи шлајфуваше (воверојатно и тогаш е направена снимката). Благодарение на пријатели и случајни минувачи за помалку од 10 минути го извадивме возилото и си појдовме на кафе. Убавиот дел од оваа приказна е дека повторно се убедив дека без оглед кои сме и што сме, солидарноста и човечноста се сила која што помага и победува, пишува Шилегов во објавата.
Изразува благодарност до сите кои му помогнале, но и до оние кои биле загрижени од вака пренесената вест.
За злобните и тенденциозни коментатори: вашата злоба и вашата љубомора, како и секогаш до сега, мене ќе ме направат посилен, а вас уште понесреќни. Ќе ве изеде љубомората. Тоа што ќе опцуете, ќе се ситите, ќе пишувате “мртов пијан бил”, нема да ја смени вашата реалност, ниту пак сликата што утрово ќе си ја видиете во вашите огледала: несреќни, злобни, љубоморни на другите поуспешни од вас, исфурстрирани. Помогете си себе си на начин што ќе почнете нешто и да работите во животот, освен да “мудрувате” на ФБ, и да, пробајте ментално да се надминете и да почнете да сакате, не да мразите. Туѓата среќа или несреќа, вас не ве прави ниту попаметни, ниту побогати, ниту пак посреќни. Прстот на чело драги злобници, почнете да работите на себе, само така ќе станете и подобри и посреќни луѓе, вели Шилегов.

