Во рамките на иницијативата „Ноември – Месец на науката на УКИМ 2026“, утре на 27 ноември, на Архитектонскиот факултет – Скопје, како дел од воннаставната програма ДОСИЕ АФС, организира предавање под наслов „ФАБ ЛАБ: Природно осветлени фабрики“.
Предавањето ќе го одржи проф. д-р Горан Мицковски, кој ќе се осврне на улогата на природното осветлување во архитектонското проектирање на индустриските објекти, разгледувајќи го односот помеѓу архитектонската форма, светлината и квалитетот на работниот простор.

