Осумнаесетгодишник и двајца 17-годишници се приведени под сомнение дека во Градскиот парк во Скопје, со закана со дрвен предмет, ограбиле четворица малолетници, а потоа физички нападнале двајца од нив.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 27 ноември, а осомничените биле лишени од слобода во 22:20 часот од полициски службеници на СВР Скопје.
Станува збор за А.Д. (18) од Скопје и двајца 17-годишници од Скопје и скопско.
Според пријавеното, тројцата претходно во Градскиот парк им се заканувале на четворица малолетници со дрвен предмет, по што им одзеле пари. По грабежот, физички нападнале двајца од малолетниците.
Полицијата ги привела осомничените, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од МВР.

