Кустосот Ана Франговска е дел од жирито на претстојното Larnaca Biennale 2027, Кипар, што ќе се одржува од 13 октомври до 26 ноември 2027 година. Франговска ќе биде член на меѓународниот жири-комитет на претстојното издание на Биеналето, коешто е посветено на темата: METATOPIES: GEOGRAPHIES IN MOTION
Кураторски концепт на Niki Papaspyrou и Marios Fournaris, кој ја преиспитува идејата за местото и просторот како динамични и постојано променливи категории, обликувани од миграциите, општествените и политичките трансформации, колективната меморија, личните искуства и еколошките промени.
Ги поканувам сите уметници и заинтересирани автори да се пријават на отворениот повик и да бидат дел од Larnaca Biennale 2027! Рок за аплицирање е до 31 март 2027. Повеќе информации за Биеналето како и формулари за аплицирање, сите заинтересирани уметнии можат да најдат на следниуов линк https://biennalelarnaca.com/. Се радувам на новите уметнички средби, дијалози и перспективи што ќе ги донесе ова издание на Биеналето, вели Франговска.
Во време на интензивни глобални поместувања, „Metatopies“ отвора простор за уметнички истражувања на новите географии на припадноста, движењето и живеењето, поврзувајќи различни простори, времиња и перспективи.

