Едно лице е приведено во рамки на истрагата за убиството на 38-годишниот маж кај Смилковското езеро.
Случајот се води како убиство, а за расветлување на околнотите беа разгледувани и камерите од Сејф сити во тој дел.
Убиениот имаше прострелна рана во ногата, а според наодите од обдукцијата, смртта настанала како последица на обилно крварење поради повреда на главната артерија.
Неговиот автомобил и мобилен телефон беа пронајдени во негова близина.

